Охридските спортски риболовци Кирил Марин и Марио Петковски од клубот „Урбан Карп“ го освоија второто место на риболовниот Куп кој се одржа во Трсино, Виница.

Охриѓани на второто место се најдоа со вкупен улов од 53 килограми и 795 грама. Победник на првиот од двата Куп натпревари во Трсино беше „Миа Еко Фиш“ со уловени 64 килограми и 360 грама. Третопласиран заврши „СК Бајтс“ со улов од 50 килграми и 730 грама.

Тандемот Петковски – Марин се закити со признание за најголем улов. Нивниот најголем улов во куп натпреварот кој траеше 72 часа беше риба тешка 10 килограми и 960 грама.

 

OhridNews