Има зголемување на бројот на случаи на Ковид 19 во сите возрасни групи над 20 години, а најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години, и од 30 до 40, нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Како што истакна тој, нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години, и под 10 години.
Министерот Филипче истакна дека се очекувал мини бран во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори.
Причина за зголемување на бројот на нови случаи, според надлежните, е непочитување на протоколоте за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, а особено во угостителските објекти, поради што Комисијата за заразни болести предложи, а владата прифати заострување на мерките во протоколите за разбота на угостителскјите објекти.
Дискотеките и ноќните клубови не добија дозвола за работа, и немаат право на работа. Инсистираме да се почитува работното време во угостителските објекти до 24 часот во работни денови, и 1 часот после полноќ за викенд. Се намалува дозволената гласност на музиката и се ограничува до 55 децибели согласно нашиот правилник на Министерството за здравство, со цел да се намали поголемата концентрација на луѓе на едно место. Исто така се намалува бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Не е дозволено гостување на пејачи,музички групи,диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).- посочи министерот Филипче.
Владата на вчера одржаната седница покрај овие предлози, го прифати и укажувањето на Комисијата за заразни болести дека стриктно е забрането послужувањето на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Покрај ова Комисијата укажува и на потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на мерките.
OhridNews