Во иднина туристичките тури во националниот парк Галичица ќе може да ги реализираат само посебно обучени туристички водичи кои ќе ги знаат спецификите на теренот, но и на ендемичните видови флора и фауна кои живеат во овој природен резерват.

Ова неодамна го најави раководството на националниот парк Галичица.  Целта е како што велат оттаму туристите да бидат водени од добро обучени инструктори кои ќе знаат да се снајдат во планински услови  и  точно  ќе ги пренесат информациите за природните реткости на Галичица.

За таа цел во иднина ќе се врши дообука на постојните  туристички водичи, а ќе бидат оспособени и посебни планински водичи, објаснуваат од НП „Галичица“

ohridnews