Кошаркарите на Охрид, дебитанската сезона во Втората македонска кошаркарска лига-запад ја завршија на петтата позиција и не успеаја да обезбедат пласман во разигрувањето, со екипите од истокот за пласман во Првата лига.

„Галебите“ заостанаа само бод од четвртопласираната Хереклеа од Битола која го фати последниот воз за пласман во топ 4. Охриѓани беа во добра позиција, но финишот со неколку порази ги чинеше билет за разигрувањето.

Сезонава на охридскиот кошаркарски клуб, кој годинава се екипираше и во време на хаотична спортска година, како последица од пандемијата на коронавирусот направи респектабилна екипа, со млади и домашни кошаркари, предводена од млади стручњаци може да се оцени како успешна. Пласманот во топ 4 можеби беше цел и реален дострел, но не и конечен успех, за млади и перспкетивна екипа, каква што има Охрид. Во предвид треба да се има фактот дека Охрид ја врати кошарката, откако згасна приватниот клуб АВ Охрид, кој учествуваше во Првата лига и АБА 2 лигата.

Поради рестриктивните мерки и затворањето на спортски сали, работата во младинските категории е прекината, но секако таа најважна, бидејќи токму од таму, Охрид треба да го црпи играчкиот кадар.

Мх.П.