Од СВР Охрид информираат дека на 28 октомври оваа година, во 14 часот и 25 минути, било пријавено дека на фудбаското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, две лица од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

OhridNews