Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го објави конкурсот за упис на студенти во прва година за академската 2010/11 година.

На Факултетот нза туризам и угостителство во Охрид со дисперзирани студии во Велес ќе можат да се запишат вкупно 485 студенти на пет насоки.

Во студиската програма за туризам во Охрид има место за 95 студенти. На насоката осигурување во Охрид ќе можат да се запишат 75, додека на истата насока во Велес има место за 80 студенти. За студиската програма за хотелско-ресторанската насока во Охрид се предвидени 30 места, а во Велес 25. На студиската програма за царина и шпедиција во Охрид предвидени се 30 места, а во насоката за гастрономија, исхрана и диететика има 40 места. За насоката гастрономија во Охрид се предвидени 70 места, односно 40 во Велес.

На универзитетот во Битола ќе може да се запишат 4.275 студенти.