Каталог со македонската туристичка понуда „Одмор на Охридското Езеро“,  наменет за германскиот туристички пазар, денеска беше промовиран на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.


Авторот на каталогот е  Климент Китановски – економистот по туризам и долгогодишен туристички работник во Германија. Тој истакна дека целта на издавањето на промотивната брошура е Македонија да се претстави на големиот германски пазар.

– Најголем магнет за германските туристи е Охридското Езеро, останатите природни  убавини, богатото културно-историско наследство, но и гостопримството, добрата храна прекрасното вино. Накусо, Охрид и Македонија ги имаат сите неопходни предуслови за привлекување на туристи, само е потребна подобра информираност, вели авторот.


Професорот Пере Аслимоски, истакна дека интенција на Факулчтетот за туризам и угостителство во Охрид е да поддржува вакви проекти кои имаат за цел да ги обединат интересите на образовните институции и  сите активни чинители во туризмот за да се зголеми придонесот на образованието и науката во практичното реализирање на поставените задачи.


Иработката на рекламиот материјал ја поддржа македонската Агенција за поддршка и промоција на туризмот, а туристичкиот каталог го издава тур-операторот „Македонско сонце“.

OhridNews