– Особено ме радува големиот интерес за насоката Туризам и фактот што се пријавија кандидати од целата земја, вели деканот на ФТУ, Проф. Д- р Сашо Коруноски.
Годинава на ФТУ – Охрид заедно со дисперзираните студии во Велес има 485 слободни места, од што 212 за редовни студенти, 222 за редовни студенти со кофинснсирање (100-400 евра), и 51 место за вонредни студенти. Идните студенти на ФТУ – Охрид, можеа да избираат помеѓу петте насоки: Туризам, Царина и шпедиција, Осигурување, Хотелско ресторанска насока и Гастрономија, исхрана и диететика.
Прелиминарните резултати од првиот уписен рок ќе бидат објавени на 23 август. Вториот уписен рок е на 2 и 3-ти септември, а евентуалниот трет уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи на 16-ти септември.