Градското собрание во Норвич пратило допис во 104 салони во градот. Ги предупредиле да не даваат алкохолни пијалоци ако немаат дозвола за тоа бидејќи ќе бидат казнети. Дури ќе пратат и луѓе кои ќе глумат муштерии за да контролираат дали фризерските салони го почитуваат законот.

– Повеќето салони служат чај и кафе. Во времето пред Божиќ често знаат да понудат и чаша вино. Навистина е смешно да го забранат тоа пред Божиќ – рекол Најџел Метјус, сопственик на фризерски салон.

Ако ги фатат како служат алкохолни пијалаци, сопствениците и вработените во фризерските салони би можеле да завршат во затвор, и тоа шест месеци, и да платат 30 000 евра казна.

– Да имаме некоја забава и да ги напиваме луѓето до несвест би го сфатил дописот кој ни го пратија. Но се работи за една чаша варено вино во деновите околу Божиќ. Тоа е традиција и смешно е да ни се закануваат со такви казни – изјавил еден сопственик на два салони во градот.