Официјалните лица на Флорида соопштија дека во ловот на инвазивни врсти змии биле уловени вкупно 106 бурмански питони. Најдолгиот од уловените бурмански питони е долг 4,5 метри. Повеќе од 1000 лица од 29 американски сојузни држави се пријавија од 16 јануари до 14 февруари да учествуваат во отстранувањето на питоните од мочуришните подрачја во јужниот дел на Флорида.

 

Како што е наведено, некропсијата на змиите е во тек, а во некои од питоните се пронајдени големи птици од мочуришните области. Се додава дека од околу една третина од питоните ќе бидат направени паричници, чевли, ремени или торби. Цената на еден питон се движи околу 150 американски долари.