Вработен во централа, 21 годишниот Кеј Доли се фалел на Фејсбук дека добил слободен ден бидејќи го излажал шефот дека е болен. Доли го убедувал шефот Ниреш Регмин дека не му треба медицинска потврда за отсуство од еден ден. Шефот му одговорил дека ја знае причината за отсуството и дека не е медицинска. Кога Доли побарал доказ, шефот му ја покажал неговата страница на Фејсбук на која Доли напишал:

„Не одам на работа, сеуште сум пијан“.


„Немаше среќа. Интерната истрага е сеуште во тек“ – рекла портпаролката на компанијата ААРТ од Сиднеј.