Џен Марш инспирација за името на своето петто дете бара на друштвената мрежа Фејсбук. НА својата страница објавила конкурс на кој ги замолила пријателите да и дадат предлози. Изјавила дека примила многу единствени имиња, и дека не се надевала на толкав одзив на луѓето.


Конкурсот го објавила пред една седмица, а оттогаш добила повеќе од 500 предлози. Џен и нејзиниот сопруг го знаат полот на детето, но не го објавиле во јавност. Совршеното име за нивното дете ќе биде некое необично и снажно.