Сопственикот на еден ресторан во Мелбурн успеал да го пронајде мажот кој во неговиот ресторан потрошил 520 австралиски долари за храна и пијалок, а потоа избегал не плаќајки ја сметката.

Имено, посетителот во ресторанот дошол со четворица пријатели, направил сметка од 520 австралиски долари, а потоа излегол надвор да запали цигара и побегнал.


„Се сетив, кога дојде со друштвото прашуваше за една келнерка која таа вечер не беше на работа“ – рекол сопственикот на ресторанот Петар Лари. Откако го дознал името, го пронашол мажот на Фејсбук, дознал каде работи и како се вика неговата девојка, која исто така била во ресторанот таа вечер.

Потоа го повикал шефот на својот должник, кој исто така води ресторан, и му го објаснил својот проблем. Шефот го донел својот работник во ресторанот, мажот ја платил сметката и дал голем бакшиш, но тоа не го спасило од отказ.

Како што изјавил Лари, мажот на Фјсбук во личните податоци сеуште не објавил дека е невработен.