На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид во вториот уписен рок има уште 139 слободни места.

Вториот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид  ќе се врши на 15 и 16 септември, а објавувањето на прелиминарната ранг листа ќе биде на 22 септември, соопшти  Ректоратот на  Универзитетот во Битола.
 
Владата на Република Македонија во очи вториот уписен рок  ги предупреди државните универзитети дека согласно законот тие не смеат да запишуваат повеќе студенти од законски дозволениот максимум. По завршувањето на уписните рокови, Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид врз сите јавни високообразовни установи и доколку утврди непочитување на владината одлука за бројот на студенти, ќе ги поништи приемните резултати.

ohridnews