Министерството за образование и наука покрена иницијатива за реализирање на „Проектот 45“, со кој  ќе им се овозможи на граѓаните постари од 45 години, за мажи, односно 35 за жени, да стекнат високо образование.

Целта на проектот е овозможување на услови за стекнување на академска диплома за лица кои не успеале истото да го оформат претходно.



Бројот на предвидени слободни места на јавните универзитети во Македонија е 1570, односно на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје 795 места, на Св.Климент Охридски во Битола 130 возрасни лица, на Универзитетот во Тетово 525, како и 120 места на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Уписите ќе бидат организирани на 7 и 8 септември и ќе се вреднува успехот од средното образование. Сите студии ќе бидат вонредни во согласност со веќе акредитираните студентски програми и според постојниот ЕКТС систем, а школарината предвидена со кофинансирање изнесува 200 евра за студиска година.

Проектот ќе се реализира на Природно-математичкиот факултет, Шумарскиот, Правниот, Градежниот, како и на факултетите за Стоматологија и Машинскиот факултет.

OhridNews
извор: Makfaks