Британците Том(24) и Сара(23) на езерото Виндермер снимиле необично суштество кое наликувало на чудовиштето од Лох Нес. Веслајќи со кајак во езерото, на површината се појавиле три или четири грпки. Сара и Том процениле дека суштеството кое наликувало на змија се движело кон нив со брзина од 15 километри на час. Со мобилниот телефон успеале да ја снимат најдобрата фотографија на чудовиштето Неси во последните 50 години.
Неидентификуваното суштество го сликале за време на дружењето со колегите кое го организирала технолошката компанија во која се вработени Сара и Том. Биле на околу 300 метри од брегот кога го забележале суштеството “големо колку три автомобили“. Експертите кои ја виделе сликата не можат да одлучат за што се работи. Исклучиле неколку опции, но и понатака немаат објаснување. Би помогнало ако Сара и Том го снимиле, но од возбуда и страв не можеле да ја вклучат камерата.