Најџел Пејџ и Џастин Лајкок во саботата станале побогати за точно 56.008.113 фунти, кои ги освоиле на лотаријата Еуро Милионс. Со тоа станале добитници на најголемиот лото износ во историјата, надминувајќи го досегашниот најсреќен добитник за повеќе од 40 милиони.
Пејџ сосема случајно дознал за добивката откако на радио слушнал дека џек потот од 113 милиони фунти британскиот добитник го дели со добитник од Шпанија. Ја проверил својата сметка на страницата од лотаријата откаде му излегла порака:“Честитаме, освоивте 56 милиони фунти.“
На прашањето кое сите им го поставуваат – како ќе ги потрошат парите – Џастин прво наведува дека ќе купи долни пижами за Најџел., а бидејќи и фармерките му се прилично износени, мисли дека тоа и ќе му го пружи.
Среќниот пар живее заедно веќе осум години во трособна куќа со три деца од претходните бракови. Кога Џастин на својата 15-годишна ќерка Џорџија и ја соопштила веста, таа мислела дека нејзината мајка се шегува.
Најџел, кој инаку се занимава во падобранство, вели: “Сум скокал од авиони од височини од неколку километри, но ништо не може да се спореди со ова чувство!“