На едно 16-годишно девојче од Велика Британија, властите му рекле дека не постои. Џејд Џејкобс-Брукс нема државјанство, извод од матична книга на родените, пасош, нити било што друго што би го докажало нејзиниот идентитет.
Причината за тоа е збрка која настанала бидејќи е родена во Шпанија. Шпанските власти не издале документација, а без нивна потврда британските власти не можат да ја регистрираат.
Проблемот е воочен кога девојката се пријавила за летна работа и била одбиена бидејќи немала доказ за идентитетот.
„Мојот живот е сега на чекање, не можам да добијам работа, возачка дозвола, да се омажам, да патувам…“ изјавила Џејд.