На едно просечно честиричлено семејство во јануари 2015 година му биле потребни околу 523 евра или точно 32.134 денари само за да ја покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка, пресмета Сојузот на синдикати на Република Македонија.
Според табеларниот приказ од ССМ, за месец jануари биле потребни:
13.471 денари за Исхрана и пијалоци
10.354 денари за Домување
2.164 денари за Хигиена
2.339 денари за Превоз
2.084 денари за Облека и обувки
1.070 денари за Култура
649 денари за Одржување на здравје
Инаку според последните пресметки на Државниот завод за статистика просечната нето плата во Република Македонија изнесува 22.407 денари.
OhridNews