Изминатиот викенд таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „ Дубровник Опен 2022“ во Хрватска, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, БиХ и Македонија.

Клубот под водставо на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 9 натпреварувачи во 2 дисциплини форми: борба со замислен противник и спаринг борби. Двајца членови на клубот, Елена Јанеска и Божидар Димитриевиќ , настапија и како натпреварувач и како судии.

Давид Крстески повторно докажа дека е врвен спортист осовјувајќи злато и во борби и во форми, и пехар за најдобар јуниор 14-17 години,Христијана Парулеска освои бронза во борби и злато во форми, додека Елена Јанеска покрај што судеше, освои бронза во фроми и злато во борби во финале против домаќините, победувајќи ги и судиите и публиката. Покрај нив и некои помлади натпреварувачи напаравија одлични успеси како Климент Богоески, Теодора Тодороска, Анастасија Чулческа, Бојана, Китановска, кои ветуваат многу успеси. Вкупно натпреварувачите на таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ осовија 15 медали, од кои 6 златни, 4 сребрени, 5 бронзени. – изјави Марјанчо Лазаревски.

Освојувачи на медали:

  • Давид Крстески
    1 место (злато) борби -60 кг. јуниори 14-17 години 1 место (злато) форми црн појас I дан, јуниори 14-17 години Пехар за најдобар јуниор 14-17 години
  • Елена Јанеска
    1 место (злато) борби + 65 кг. женски јуниори 14-17 години 3 место (бронза) форми црн појас I дан, женски јуниори 14-17 години
  • Христијана Парулеска
    1 место (злато) форми црвен појас женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) борби -47 кг. женски кадети 12-13 годин
  • Климент Богоески
    1 место (злато) борби, -57 кг. кадети 12-13 години 2 место (сребро) форми зелен појас , кадети 12-13 годин
  • Теодора Тодороска
    1 место (злато) борби -59 кг. женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) форми жолт појас , женски кадети 12-13 годин
  • Анастасија Чулческа
    2 место (сребро) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) борби -51 кг. женски кадети 12-13 годин
  • Бојана Китаноска
    2 место (сребро) борби – 27 кг. девојчиња 8-10годин
  • Владимир Димитриевиќ
    2 место (сребро) борби – 60 кг. јуниори 14-17 годин
  • Божидар Димитриевиќ
    3 место (бронза) борби +85 кг,сениори 18-39 години

Клубот упати благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој има големи заслуги за остварениот успех.

На 12 и 13 ноември, таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе учествува на силниот меѓународен турнир од А класа „Бугарија Опен 2022“ во Пловдив, на кој ќе има натпреварувачи од Ирска, Естонија, Шпанија и други европски земји. Овој турнир воедно ќе биде проверка пред Европското првенство кое претстои.

OhridNews