Ниту еден ракометар од Вардар или од, Металург не се најде во изборот на најдобрите голови, одбрани и играчи во втората рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ со допадливата и ефикасната игра со која го „збришаа“ Кристијанштад заслужија барем еден преставник во изборот на најдобрите, додека Металург изгуби од Бешикташ и не покажа кој знае каков ракомет.
Најдобрите голови од втората рунда можете да ги погледнете тука, најдобрите одбрани тука, а видео прилогот за идеалниот тим тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Давид Мандиќ (Загреб)
Лев бек: Ричард Бодо (Пик Сегед)
Среден бек: Лука Циндриќ (Киелце)
Десеб бек: Дима Мем (Барселона)
Десно крило: Ласе Сван (Флензбург)
Пивот: Бјорт Мирхол (Скјерн)
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)
OhridNews