Најдобрите светски тенисери и тенисерки го потврдија учеството на грен слем турнирот Австралија Опен, кој означува почеток на новата сезона во белиот спорт.
- За организираторот на турнир каков што е Австралија Опен секогаш е добро чуството кога ќе се пријават најдобрите во двете конкуренции. Ние сме во самиот финиш околу подготовките и со нетрпение го очекуваме почетокот на новата сезона во тенисот. – изјави директорот на австралискиот грен слем турнир Крег Тил.
Австралија Опен следната година ќе се одржи по 107-ми пат. Турнирот ќе започне на 14-ти, а ќе заврши на 27 јануари. Титулата во машка конкуренција ја брани Рожер Федерер додека во женска Каролин Вознијацки. Вкупниот награден фонд изнесува 60,5 милиони австралиски долари.
OhridNews