Оваа сабота во Охрид, ќе се одржи трка на 10 километри од ФИНА/ЦНСГ серијата 2021 година, на која ќе учествува дел од светската пливачка елита  и некои од најголемите имиња во оваа пливачка дисциплина.

Во водите на Охридското Езеро ќе се напреваруваат првите шест од финалето на Олимписките игри во Токио, што ветува спектакуларно шоу.

Пријавени се вкупно 50 пливачи (30 мажи и 20 жени).  Машката трка започнува во 16:45 часот, а женската 5 минути подоцна.

Во машка конкуренција ќе пливаат светскиот шампион Аксел Рејмонд од Франција, победникот на годинешниот Охридски пливачки маратон, украинскиот ас Кристоф Расовски, бразилскиот ветеран Алан До Кармо и Диого Виларињо, заедно со италијанецот Матео Фурлан, Марсел Шоутен од Холандија, и секако нашиот Евгениј Поп Ацев.

Во женска конкуренција ќе плива победничката на светската серија на 10 километри (2015, 2017 и 2019), Рашел Бруни, како и германката Леа Бој.

Наградниот фонд изнесува 30.000 американски долари.

ОhridNews