Дисконт „Рај“ својата палета на производи ја проширува со најдобрите пелети изработени од 100% буково дрво.„Еко Степ“ пелетите се изработени во Република Србија, и моментално се на врвот на тамошниот пазар. Се произведуваат во современа фабрика во Петровац преку најнови технолошки процеси и опрема од најнова генерација, за што говорат и многубројните меѓународни сертификати.
„Еко Степ“ пелетите во својот состав имаат ниска содржина на пепел, висок степен на искористеност и висока енергертска вредност. – велат од Дисконт Рај, кој врши достава до саканата дестинација.
Пелетите се револуционерно, висококалорично, обновливо биогориво кое се добива така што пилевината која останува после обработката на дрвото, а чија влажност е намалена на одреден процент, со одредена технолошка постапка се меле, суши и се пресува.
Греењето со пелети е еколошко и моментално најевтино греење.
Најдобра сировина за пелетите е буката. Во буковиот пелет за време на процесот на производство не се додаваат никакви средства за врзување, хемикалии или адитиви, бидејќи лигнитот природно се врзува, истакнуваат од Дисконт „Рај“.
OhridNews