Ракометната федерација на Македонија (РФМ) му даде дополнителен шмек на „Езерското“ дерби помеѓу Охрид и Струга во 6-та рунда од Супер лигата делегирајќи за судии најдобрите од Македонија, Ѓорги Начевски и Славе Николов.

Македонската судиска двојка која зад себе има безброј мечеви Лигата на Шампиони и учества на големите репрезентативни собири ќе има задача да се грижи за мирот и редот во СРЦ „Билјанини Извори“ во текот на натпреварот.

Еуфоријата расте и се одбројуваат последните часови до почетокот на дербито кое ќе го врати ривалството помеѓу Охрид и Струга. Синоќа, „Рибарите“ ги поздравија ракометари на тренинг, а дуелот со стружани го најавија со факли на градскиот плоштад.

„Рибарите“ на спектакуларен начин го најавија „Езерското“ дерби (видео)

OhridNews