Рекордерот по бројот на постигнати погодоци на светските првенства, Миросла Клосе е пред кам бек во германскиот бундеслигаш Баерн Минхен. Улогата на Клосе нема да биде да тресе мрежи како некогаш, туку да биде прв асистент во стручниот штаб на тренерот Ханси Флик.
Флик кој неодамна потпиша пернаментен договор со „баварците“ до 2023 година почнува со екипирање на свој стручен штаб. Флик одлучи до крајот на сезоната да не ги менува лицата бидејќи не ги поставил тој, туку неговиот претходник Нико Ковач.
Клосе го познавам долго време. Знам дека е посветен и секогаш фокусиран на работата/задачата. Ако прифати да биде дел од клубот мислам дека ќе бидеме многу побогати. Тој беше паметен фудбалер, ја читаше и разбираше играта. Ќе ни биде од голема помош. – изјави Флик.
Клосе со 16 голови е стрелец број еден во историјата од Мундијалите. После Клосе со гол помалку на листата е легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.
OhridNews