Тренерот Ханси Флик доби квалитетна десна рака во стручниот штаб, фудбалерите а особено напаѓачите добија неверојатен ментор. Германската фудбалска легенда Мирослав Клосе ја прифати понудата од „баварците“ и денеска имаше официјална промоција.
Се чувствувам одлично и со нетрпение ги очекувам моите задачи. Ханси Флик и јас со години добро се познававме од репрезентацијата. Ние веруваме едни во други професионално и лично. Ова е следниот чекор во мојот развој како тренер. Се надевам дека со моето знаење ќе можам да му помогнам на Баерн да ги постигне своите спортски цели. – рече Клосе.
Некогашниот голгетер на Германија е рекордер по бројот на постигнати голови во историјата на Светските првенства. Клосе со 16 голови е стрелец број еден на Мундијалите.После Клосе со гол помалку на листата е легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.
OhridNews