23 медали, од кои 11 златни, 6 сребрени, 6 бронзени, пехар за најдобар женски кадет 11-13 години (Христијана Парулеска) и севкупен пласман за најдобар клуб, освоија натпреварувачите од Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид на меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ кој викендов се одржа во БиХ.
Станува збор за најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко, каде што учествуваа над 400 натпреварувачи од 36 клубови од 12 земји од Европа, а охридскиот клуб под водставо на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 20 натпреварувачи кои сите учествуваа во 2 дисциплини форми (борба со замилсен противник) и спаринг борби,
На овај престижен натпревар нашите натпреварувачи после Европското првенство каде направија историски успех освојувајќи 3 сребрни медали, повторно направија уште еден историски успех. На сите борилишта доминиараа нашите натпреварувачи, мразот го скршија најмладите натпреварувачи Бојана Китаноска, Давид Ристески, Тамара Тодороска, Стефан Чулчески, а потоа продоложија по нив и другите ,а на крај искусните натпреварувачи Христијана Парулеска, Елена Јанеска и Давид Крстескија ја потврдија доминацијата и оправдувајќи го постигнатиот успех од Европското првенство, вели Марјанчо Лазаревски кој повторно користи да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ’ , кој и овај пат е најзаслужен за нивниот успех.
Освоени награди:
Пехар за најдобар клуб, 1 место за севкупен пласман на „3 Гран При Зворник 2022“
– Христијана Парулеска
Пехар за најдобар женски кадети 11-13 години
1 место (злато) форми црвен појас женски кадети 11-13 години
1 место (злато) борби -45 кг женски кадети 11-13 години
-Софија Колушоска
1 место (злато) форми плав појас женски кадети 11-13 години
-Бојана Китаноска
1 место (злато) форми жолт виши појас девојчиња 8-10 години
1 место (злато) борби -25 кг девојчиња 8-10 години
-Тамара Тодороска
2 место (сребро) форми жолт виши појас девојчиња 8-10 години
-Давид Ристески
1 место (злато) форми жолт виши појас деца 8-10 години
-Стефан Чулчески
3 место (бронза) форми жолт виши појас деца 8-10 години
-Теодора Тодороска
2 место (сребро) форми жолт виши појас женски кадети 11-13 години
-Филип Зенгоски
1 место (злато) форми жолт виши појас кадети 11-13 години
-Димитар Андрески
3 место (бронза) борби -40 кг кадети 11-13 години
-Климент Богоески
1 место (злато) форми жолт појас кадети 11-13 години
1 место (злато) борби -55 кг кадети 11-13 години
-Теодора Митреска
2 место (сребро) борби – 60 кг јуниорки 14-15 години
-Филип Митрески
3 место (бронза) борби +60 кг кадети 11-13 години
3 место (бронза) форми жолт виши појас кадети 11-13 години
-Лука Тодороски
3 место (бронза) борби -50 кг кадети 11-13 години
-Михаил Јоноски
3 место (бронза) борби – 65 кг јуниори 14-15 години
-Владимир Димитриевиќ
2 место (сребро) борби – 60 кг јуниори 14-15 години
-Елена Јанеска
1 место (злато) форми црн појас I дан јуниорки 14-15 години
2 место (сребро) борби – 65 кг јуниорки 14-15 години
-Давид Крстески
1 место (злато) борби – 60 кг јуниори 14-15 години
2 место (сребро) форми црн појас I дан јуниори 14-15 години.
OhridNews