Ловците на богатства, кои всушност на дното на Балтичкото море меѓу Шведска и Финска бараат викиншки и други стари бродови, почнаа сериозно да размислуваат за тоа дали вонземјаните навистина постојат. Да се пронајдат два неидентификувани диска на само 200 метри еден од друг, е повеќе од необично, а мистеријата е уште поголема бидејќи никој не знае за што станува збор, пренесува „Макфакс“.
„Слушнавме повеќе различни објаснувања, од тоа дека станува збор за летало како Милениум Фалкон од Џорџ Лукас, па до тоа дека буквалнос е работи за ’некаков чеп што води кон внатрешниот свет’, како да станува збор за некаков пекол внатре. Нема да знаеме додека не се спуштиме долу“, појасни Петер Линдберг, водач на шведскиот истражувачки тим.
Значи, прво истиот тим пронајде кружен објект со дијаметар преку 60 метри на длабочина од 85 метри. Уште почудно е што зад него имало 300 метри долга трага на дното на морето, кои сугерираат дека објектот или бил влечен, или станува збор за траги од падот.
Си-Ен-Ен пренесува дека истиот тим сега пронашол ист таков објект, само на 200 метри од првиот. Тимот на Линдберг планира да испрати специјална подморница на дното и да испита за што станува збор.
извор: „Макфакс“