На состанокот, ќе бидат изнесени забелешките и ставовите на Полициските службеници од Оделението за превенција за неопходноста од почитување односно придржување до одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир посебно во делот на штетната бучава и гласната музика. Ќе биде потенцирана потребата од почитување на работното време на угостителските објекти и почитување на забраната за задржување на малолетници во угостителски објекти после 24 часот, забрана за точење алкохол на малолетници, мерки против лицата кои просат на јавни места а ке бидат разгледани и законските последици за непријавување на нарушен јавен ред и мир како и други законски одредби.
На состанокот, кој ке се одржи утре, ке бидат ислушани и разгледани мислењата односно предлозите на сопствениците и претставниците на угостителските објекти, соопшти СВР Охрид.
На дневен ред безбедноста во туристичката сезона во Струга
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com