Кога 130 килограми тешката Ребека Кели од Велика Британија се обидела да влезе во својот омилен спортски кабриолет и не успеала, сватила дека е време за радикални чекори. Имено, таа еден ден сватила дека својот стомак и своите гради не може да ги собере пред воланот на својот автомобил, а запетлувањето на појасот станало научна фантастика.
Таа прекумерната тежина ја достигнала конзумирајќи големи количини помфрит и ќебапи. Поради љубовта кон автомобилот се одрекла од брзата исхрана и за 18 месеци се преполовила. Сега има само 70 килограми. Наместо конфекциски број 58 сега носи 40. Рекла дека не била толку незадоволна со својот изглед, колку што и сметало што не можела да го управува автомобилот.