Џенифер Лопез е позната и по своите провокативни настапи и заводливи гради кои сака да ги покажува на настапите, но тоа сега може скапо да ја чини. Имено, пејачката наводно е под истрага поради својот настап во Мароко кој толку го шокирал премиерот на таа земја што побарал нејзиниот апсење. Џеј Ло настапила на еден фестивал во Рабат на 29 мај кој се пренесувал во живо на телевизија, а премиерот бил шокиран со „срамниот танц“ и „сексуално-агресивната природа“ на нејзиниот настап.
Против пејачката и организаторот на концертот поднесена е тужба, поради која сега може да добие казна и до две години затвор. Премиерот пишувал дека нејзиниот секси настап бил „непримерен и провокативен за религиозните и морални вредности на мароканското друштво“. Обвиненија изнел и на сметка на оние кои се одоговорни за прикажувањето на настапот на телевизија, бидејќи не интервенирале и не го сопреле емитирањето на „срамните сцени“ и од нив побарал да поднесат оставки.