Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер неодамна признал дека додека се наоѓа на турнеите најмногу му недостига неговата мајка. Џастин од својот 18 роденден на концертите патувал сам, а претходно додека го следела неговата мајка Пети „само му сметала“.
Младиот пејач изјавил дека сега секогаш се прашувал кога неговата мајка ќе се врати. Додал дека таа со него повеќе не била толку често и токму поради тоа сватил колку им било забавно заедно. тој се пожалил и дека е преморен, и дека имал толку многу обврски што немал време за излегување.