Во летниот период кој ни претстои жителките на Њујорк, барем оние најсмелите, ќе можат без никакви пречки да шетаат топлес низ градските улици. Властите на Њујорк неодамна ја потсетиле полицијата дека за време на топлите денови, жените имаат право баш како и мажите да го соблечат горниот дел од облеката. Во дописот испратен до сите полициски станици во градот, властите ги потсетиле припадниците на полицијата дека шетањето со голи гради не претставува никаков прекршок не само за мажите, туку и за жените.
Полицајците не треба да ги казнуваат или приведуваат дамите кои ова лето ќе шетаат голи до струкот, туку да им пријдат во помош доколку тоа е потребно, било истакнато во дописот. Во дописот било наведено дека доколку покажувањето на градите предизвика големо внимание, полицајците се должни да ја растераат гужвата. Во Њујорк уште во 1992 година бил донесен закон со кој на жените им е дозволено да шетаат топлес во случај на високи температури. Меѓутоа, малку кој од граѓаните, а и полицајците, знаеле за неговото постоење. Сакајќи да ги потсети жените на тоа право, феминистката Мојра Џонсон минатата година шетала гола до струкот низ улиците на Њујорк, наидувајќи на позитивни реакции кај граѓаните.