Во една од детските градинки во Ленинградската област во Москва, на децата за малку ќе им свареле компот со хероин.

Како што изјавила Федералната служба за контрола на наркотици во Санкт Петерсбург, наркотиците биле во сувите кајсии кои ги купила детската градинка.


„Персоналот минатата вечер почнал да вари компот од сувите кајсии, но по некое време, во лонецот испливале пакетчиња со непозната супстанца. Како што покажале истражувањата, во нив се наоѓал хероин“, се наведува во изјавата.

Подоцна се открило дека доставувачите на кајсиите се таџикистанци, а овошјето го купил приватник-државјанин на Русија со авганистанско потекло, кој го снабдувал училиштето со суво овошје.