Во месец ноември ГРК Охрид има три меча, меѓу кои и големото дерби ГРК Охрид-РК Алкалоид, на кое НГ Рибари ќе прослави 35 години постоење.

Дерби натпреварот со РК Алкалоид, „Гладијаторите“ ќе го одиграат на 16 ноември со почеток во 18:30 часот во спортската сала „Билјанини Извори“.

Следниот натпревар ќе биде одигран со екипата на РК Радовиш на 23 ноември, додека со екипата на Бутел ракометарите на Охрид се среќаваат на 30 ноември.

OhridNews