Под мотото „Не е шега, ние помагаме“, Црвениот крст организира хуманитарна забава на 1 април во ноќниот клуб „Арена “ од 20 до 23 часот.
Со средствата што ќе се соберат ќе се обезбеди помош за социјално загрозените семејства.
Маските кои ќе продефилираат во „Арена“ ќе бидат оценувани од страна на стручни лица, а за трите најдобри се превидени и награди.
Забавата што ја организира Црвениот крст е отворена за сите хумани граѓани, а влезниците се продаваат по цена од 50 денари.
Ohridnews