На денешен ден во 1875 во Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ.
Делото на ТМРО му било над се, а со своите постапки секогаш бил праведен и бескомпромисен. Животот го загубил на 7 април 1902 година во Кадино Село во близина на Прилеп. По опколувањето од турскиот аскер и долгата борба на комитите не им преостанало ништо друго освен да се предадат или да умрат. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат.
Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.
OhridNews