На денешен ден, 5-ти август 1962 година во Охрид се одржал Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прераснал во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија.
Меѓу професионалците победил Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во женска конкуренција победила охриѓанката Атина Бојаџи. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигнал Дики Бојаџи – трето место и Климе Савин кај аматерите – четврто место.
Од 1992 година шампионатот бил именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп.
OhridNews