На денешен ден во 1834 во Охрид е роден Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикувачи, афирматори на народни умотворби и еден од првите учебникари.

Ги објавил делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладиновци Димитрија и Константин“, како и осум учебници што ги напишал за потребите на училиштата на Македонија.

Умрел во Софија, на 18 март 1909 година.

Исто така на денешен ден, во 1872, во селото Лактиње, Охридско, е роден Смиле Војданов, македонски револуционер, учител и војвода. Учесник бил во Илинденското востание во својство на војвода во Дебарско и Охридско.

Тој е првиот македонски лобист на просторот на цела Северна Америка, залагајќи се за македонска држава.

Умрел во Понтијак, САД, на 4 март 1958 година.

OhridNews