На 93-годишна возраст во Охрид на 10.09.2013 почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколку вековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.Во филигранот на Дерабан се вградени национални белези и во него пулсираат исконските дамари на македонската стара цивилизација. Тој беше синоним за македонскиот филигран и во неговиот дуќан дишеа охридското и македонското кујунџиство од турско време.
За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.
OhridNews