Во шеесеттата година од животот, по кратко боледување како последица на Ковид 19, на денешен ден во 2020 година во Скопје, почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и сестран уметник, Драган Спасески Охридски.
Драган Охридски беше исклучителен професионалец и почитуван во професијата, врвен интелектуалец. Автор е на бројни уметнички дела, кои биле излагани во земјата и странство, како и проза и поезија.
Беше голем поддржувач на уметноста и уметниците, широко отворајќи ги вратите за уметничките души на неговата галерија „Резонанца“ каде се реализираа бројни изложби. Автор е и на повеќе уникатни ентериери на хотели и угостителски објекти, кои ги красат негови дела.
Во 1999 година со голем мултимедијален проект во црквата Св. Софија одбележа 30 години од неговата прва изложба во 1989 година.
OhridNews