На денешен ден во 1611 година роден е Евлија Челебија, турски патописец.
Од 1630 година, речиси без прекин патувал по Османлиското царство и надвор од него учествувајќи во воени походи. Водејќи воени белешки, низ разговори со стари луѓе за обичаите и настаните, копајќи по старите архиви, напишал патопис во 10 тома и оставил скапоцени сведоштва за балканските народи и простори.
Пропатувал и низ голем дел од Македонија, при што оставил скапоцени сведоштва за македонските градови, меѓу кои и Охрид, со богат историски и етнографски материјал.
Умрел во 1682 година.
OhridNews