Американецот Џон Пипен (71), кој во Орегон завршил во болница поради страшни болки во стомакот, на отпусното писмо прочитал дека дијагнозата му е „бременост“.


Освен бременоста, персоналот на болницата „Кари Џенерал“ на пензионираниот механичар и дедо пропратно му пропишале и големи количини на таблети против болки.

Директорот на болницата Вилијам МекМилан изјавил дека болничкиот службеник најверојатно притиснал погрешна ознака на тастатурата, поради што компјутерот напишал погрешна дијагноза и упати за дедото.