Во текот на изминатите неколку дена, во организација на јутуберот и активист, Вик Какаротски, во Охрид и околината беше реализирана акцијата „Пакетчиња за сите дечиња“ преку која беа донирани над 1000  новогодишни пакетчиња.

Главниот дел на акцијата, односно доделувањето на пакетчињата на децата од „Часот на љубовта и другарството“ се одржа вчера, а истиот беше и пренесуван во живо, во организација на 2С Студио.

Организацијата беше одлична, фала им на сите учесници кои помогнаа да се оствари овој проект. Сите дечиња кои ги видовме беа среќни, беа насмеани, беа задоволни и мислам дека 90% од цел проект го остваривме. Имаме уште некое пакетче, што ќе биде поделено, со што ќе ја заокружиме целосно акцијата, изјави за OhridNews организаторот Какаротски.

OhridNews