Бугарската полиција испитува еден славен астролог бидејќи предвидел земјотрес во Хасково кој не се случил. Тој сега би можел да одговара за ширење лаги.
Луѓето спиеле во автомобили и шатори бидејќи Емил Лестански најавил земјотрес кој ќе предизвика смрт на 80 000 луѓе и разорување на градот. Откако виделе дека од земјотресот нема ништо луѓето побеснеле, а некои од нив покренале тужба против астрологот. Му се заканува казна затвор од две години. Тој јавно им се извинил на жителите на Хасково преку медиумите.