Најбрзиот Африканец, Фердинанд Оманујала (26) ќе го пропушти Светското првенство во атлетика, кое утре почнува во американскиот град Јуџин откако не доби виза за влез во САД.

За жал, нема да настапам на Светското првенство, бидејќи навреме не добив виза. Тоа е тешко да се прифати, бидејќи напорно работев и тренирав и покрај болките што ги чувствувам. Се надевам дека ќе настапам на следното Светско првенство догодина во Будимпешта, изјави Оманујала.

Тој е сопственик на африканскиот рекорд на 100 метри, кој изнесува 9.77, а го истрча на митинг во Најроби во 2021 година.

На Игрите во Токио, 26-годишниот Оманујала стана првиот Кениец, кој се пласирал во полуфиналето на олимписката трка на 100 метри.

OhridNews