Екипажот на бродот кој е направен од пластични шишиња успеал да направи вистински подвиг и да го преплови Пацификот. Иако е направен од материјали пронајдени исклучиво на отпад, бродот издржал неколку бури и за четири месеци поминал 14 илјади и 500 километри. Околу 12 и пол илјади пластични дволитарски шишиња под притисок биле наполнети со јаглероден диоксид и биле херметички затворени, што на бродот му дало дополнителна стабилност.
Идеен творец на проектот бил екологот Давид де Ротшилд, кој сакал да укаже на пластичниот отпад во морињата, кој ако се собере би достигнал површина на две Франции. Поради незамисливата количина отпад во морињата, секоја година умираат околу милион морски птици, како и 100 илјади морски цицачи.