Меѓународната организација за миграција денеска соопшти дека во изминатите неколку дена се пронајдени тела на 120 мигранти кои морето ги исфрлило на брегот на Либија.
Портпаролот на организацијата со седиште во Женева, Џоел Милман рече дека информацијата ја соопштиле либиските власти. Тој наведува дека од почетокот на годината до крајот на јули ширум светот загинале 4.027 мигранти, а третина од нив загинале во Средоземното Море. Тоа е за 35 проценти повеќе во однос на истиот период лани, рече Милман.
OhridNews
извор РСЕ