Полнати пиперки, сарма, гравче тавче – е само дел од јадењата кои ќе се најдат на менито на Националниот ресторан, кој треба наскоро да биде отворен во центарот на Охрид.


Намерата ни е, конечно во Охрид, да отвориме еден национален ресторан, во кој ќе се нуди исклучиво македонско, традиционално јадење и во кој ќе се слуша македонска народна музика. Гостите ќе имаат можност да вкусат се што секојдневно се подготвува во нашите домови за ручек, вели Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител и сопственик на Националниот ресторан.


Сместен на самиот брег на езерото, гостите во овој ресторан ќе имаат можност да уживаат во добрата храна, но и прекрасниот поглед на Охридското езеро.

Во тек се интензивни подготовки, со цел ресторанот да биде отворен на 2 август, на големиот празник Илинден.

OhridNews